Музеј во централната турска провинција Јозгат соопшти за откриен фосил, за кој се верува дека му припаѓал на мамут од пред осум милиони години,јави ДПА.
– Палеоантрополошките активности се спроведуваат за да се утврди точната возраст на вилицата, која вчера ни ја донесе еден земјоделец. Според првичните сознанија, фосилот е стар околу осум милиони години, рече директорот на музејот Јозгат, Хасан Сенјурт.
Вилицата ја пронашол земјоделецот Алпер Ѓушјунџели, додека ја обработувал нивата.
Извор:МИА