Неполн час од одигрување на првиот натпревар на Светското првенство во Египет, македонските ракометари зачекорија на паркетот во салата во Каиро и го почувствуваа мундијалскиот мирис.
Откажувањето на Чешка од големиот собир поради значителниот пораст на Ковид-19 во нивната селекција, „ги спакува инстантно“ нашите ракометари кои како прва замена слетаа во Египет во групата со домаќинот, Шведска и познаникот од двата пријателски дуели во Скопје, Чиле.
Вкупно седмиот, а петти последователен настап на Македонија на Мундијалите, претставува одлична прилика за селекторот Брестовац и младите ракометари во нашиот состав. Искуството од играњето на еден ваков турнир на младите сили ќе биде непроценливо, а воедно овој собир претставува и совршена прилика големиот Кирил Лазаров да се прости од големата сцена како што и доликува.
На некомплетните Швеѓани кои без Екберг, браќата Нилсон, Нилсен, Лагергрен и Апелгрен го отворат првенството, ова ќе им биде трето соочување со Македонија на едно Европско или Светско првенство. Во двата меча македонските ракометари немаат забележано триумф.
Па, момци, како велат. Трета среќа.

Фото:
Facebook / Ракометна Федерација на Македонија


