Милан се зајакнува со играч од Торино – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/21 7:44 PM

Милан се зајакнува со играч од Торино

Ситуацијата во која се наоѓа италијанскиот гигант, односно првото место на табелата и повеќе од очигледната борба за титула во Сериа А и проблемите со повредени играчи, ги натера челниците на еден од најтрофејните клубови да размислуваат за дополнително зајакнување на ростерот во јануарскиот преоден рок.

Отсуството на Бенасер во средниот ред на миланезите, отвори простор за нов фудбалер на таа позиција што ќе биде опција плус за Стефано Пиоло на два фронта, во домашното првенство и Европа Лига. Паоло Малдини го детектираше некогашниот играч на Монако, Суалихо Меите, кој од Торино ќе се пресели во Милан на позајмица со право на откуп.

Сумата за позајмицата и целиот пакет на трансферот засега не е позната, но она што е познато е тоа што Меите заедно со Кеси и Чалханоглу ќе го сочинува троецот на центарот на теренот.

„Росонерите“ оваа зима не мируваат. Очекувањата се дека во „Миланело“ ќе пристигне и еден централен дефанзивец, а се погласни се шпекулациите за доведување на Фикајо Томори од Челзи.

 

 

Фото:

sempremilan.com