Од граѓаните во Србија што доброволно се пријавуваа за вакцинација против коронавирусот, повеќето ја одбрале руската вакцина „Спутник 5“, дознава „Блиц“.
„Разликата не е голема, но руската вакцина е нешто побарана од фајзеровата“, вели соговорникот на „Блиц“.
Претседателката, пак, на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, денес во Белград ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 од произведувачот „Фазер“/„БајоНтек“, јавува Анадолија (АА).
„Верувам во вакцината. Ги повикувам граѓаните да го направат истото бидејќи со заеднички сили можеме да го победиме Ковид-19“, наведе Брнабиќ на Инстаграм со фотографии од ревакцинацијата на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ во главниот град на Србија.
Премиерката, министерката за труд, вработување и социјални работи, Дарија Кисиќ Тепавшевиќ и епидемиологот Предраг Кон ја примија првата доза на вакцината на 24 декември минатата година, со што го означија почетокот на вакцинацијата во Србија.