Намалувањето на бројот на ново заразени дел се должи на почитување на мерките, смета министерот за здравство Венко Филипче. Со неработата на угостителските објекти, нема масовни групирања тоа е една од главните работи со кои се намалува ризикот од трансмисија на вирусот, смета тој.
„Има една епидемиолошка претпоставка со која неколкукратно се запазени и повеќе луѓе кои се детектираат во текот на едно деноноќие и тие луѓе се асимптоматски. И тоа не само кај нас туку и во сите земји, и тоа може да е од тие епидемиолошки правила кои сега се случија. Само следниот период кој доаѓа ќе може да точно и јасно да ни укаже на тоа. Нашите капацитети се спремни да примат пациенти и понатаму, значајно се испразнети болниците и на Инфективната клиника без модуларната, во самата клиника веќе има слободни болнички легла“, рече Филипче и најави дека од следната недела целосно во функција ќе почнат да се враќаат дел од интерните клиники, доколку работата во тој дел се нормализира, меѓутоа може да очекуваме и мини пик.
Тој денеска пред Институтот за судска медицина истакна дека од 12 обдуцирани случаи , кај шест обдуцирани поради болест Ковид 19 со значајни промени од наодот на обдукција на повеќе органски системи, останатите 6 се целосно асимптоматски починати од друга причина, а е најден вирусот во брисот од трахеата.
Г.Д