Рестриктивните мерки остануваат на сила, освен онаа мерка за работното време на угостителските објекти до 18 часот. Министерот за здравство Венко Филипче, денеска рече дека единствено нешто што ќе се случи како промена во рестриктивните мерки по 21 ви јануари е работното време на угостителите до 21 часот.
Меѓутоа согласно проценката на ситуацијата сега овие денови, рече Филиче до 21ви евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот, меѓутоа сите други мерки остануваат на сила.
Г.Д