Вакцините на Фајзер и преку КОВАКС механизмот ќе пристигнат во февруари – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/21 12:00 PM

Вакцините на Фајзер и преку КОВАКС механизмот ќе пристигнат во февруари

Вакцините од Фајзер и КОВАКС механизмот се очекуваат во Македонија да пристигнат во месец февруари, изјави денеска министерот за здравство. Тој потенцираше дека интензивно се во  комуникација целиот изминат период со компанијата Фајзер, поради тоа што во овој момент е единствента компанија и вакцина која ги има добиено потребните дозволи за итна употреба од двете значајни регулаторни тела, тоа се американската FDI – агенција за лекови и европската EMA.

„Веќе се резервирани дозите за нашата земја, како што најавивме и како што тие ни кажаа со таа динамика ги очекуваме првите дози да пристигнат во месец февруари. Исто времено во изминатите неколку денови добивме информација и од КОВАКС механизмот, дека и тие вакцини ќе стигнат во месец февруари“, рече Филипче.

Во однос на донациите кои ги чекаме од земјите членки на ЕУ кои ветија донација за Макеоднија, Филипче вели дека главниот проблем е во количините кои ги добиваат тие земји.

„Можно со некој од земјите со кои што разговараме Австрија, Бугарија, Полска и Грција, одделат некоја количина од своите но јасно ни укажуваат и главен проблем зошто тоа досега не беше направено како еден механизам од страна на Европската комисија за солидарсност, не само со нашата земја туку и со другите земји кои не се членки на ЕУ, проблемот е во количината која ја добиваат. Значајно помал, некаде 1/10 од планираната за нивните земји. Согласно планот на компанијата Фајзер и зголемувањето на нивното производство, со производството на компаниите кои што се дел од ковакс системот, јас мислам дека после месец февруари тоа ќе биде еден процес секаде ќе започне со една значајна динамика“, рече министерот.

Г.Д