Оумте починати момчиња и девојки се затруле со јаглен моноксид: Познати резултатите од обдукцијата за трагедијата во БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/21 10:47 AM

Оумте починати момчиња и девојки се затруле со јаглен моноксид: Познати резултатите од обдукцијата за трагедијата во БиХ

Од Обвинителството за Западнохерцеговскиот кантон во Босна и Херцеговина утрово соопштија дека ги примиле резултатите од анализата на крвта на осумтемина млади од Посушје, кои во новогодишното утро настрадаа во викнедичка во местото Трибистово, објавува сараевски „Дневни аваз“.

„По извршената анализа на крвта, утврдено е дека кај сите осум лица дошло до интоксификација со јаглен моноксид со утврдена концентрација во крвта која е смртоносна – изјави Јосип Аничиќ, обвинител во ЗХК.

По новогодишната забава, момчињата околу 4 часот на 1 јанураи легнале да спијат во викендичката со вклучен агрегат. Претпладнето биле пронајдени мртви.