Според извештајот на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари има намалување на бројот на смртни случаи за 20,4 отсто, процентот на позитивни од тестирани е намален на 19 отсто, а за 14,8 отсто е зголемен бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела.
Во изминатото деноноќие од направени 2543 тестирања регистрирани се 477 нови случаи на Ковид-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент.
Од новозаразените 221 се од Скопје, 27 од Куманово, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.
На инфективните оддели во земјава се лекуваат 725 пациенти со Ковид-19, во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 23 пациенти со што вкупно се лекуваaт 315 лица. Во ковид-центрите ширум земјава има околу 600 празни болнички кревети.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.
MИА