Ако на некое место и во некој спорт работите се одвиваат со брзина на светлината, тоа со сигурност е НБА лигата.
Џејмс Харден ги напушти Рокетси и се соедини со неговиот пријател и соиграч од Оклахома, Кевид Дурант. Доколку се фрли поглед на ростерот на Нетс и се нотира триото Дурант-Ирвинг-Харден, тогаш дефинитивно може да се каже дека Бруклин цели високо и Бруклин атакува на титула во најдобрата лига во светот.
Рамона Шелбурн од „ESPN“ пренесува дека во договор кој опфаќа три страни Бруклин го ангажира Харден и испраќа четири први пикови на драфтот во спротивен правец.
Рокетси ги добиваат Виктор Оладипо од Индијана Пејсерс, Данте Ексум, Родион Куруч и три пика од првата рунда на драфтот, Пејсерси ги добиваат Карис ЛеВер и пик од втората рунда на драфтот, додека пак Кливленд Кавалирс ќе се задоволи со Џерет Ален и Таурин Принс.
Фото:
cbssports.com