Елон Маск му се извини на нуркачот спасувач, затоа што го нарече „педофил“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 11:26 AM

Елон Маск му се извини на нуркачот спасувач, затоа што го нарече „педофил“

Елон Маск му се извини на британскиот нуркач што учествуваше во спасувањето на децата во тајландската пештера, кого претходно го нарече „педофил“.

Се почна кога милијардерот понуди своја подморница како помош при извлекување на децата, за којашто повеќето стручни лица, меѓу кои и нуркачот Вернон Ансворт рекоа дека е неупотреблива во тие услови. Потоа Маск реагираше на Твитер, каде напиша дека подморницата е тестирана и оти нема сомнеж дека може да се употреби, при што го нарече Ансворт – „педофил“.

Потоа нуркачот најави тужба против Маск, откако британски и американски адвокати му понудиле помош за процесот.

Маск се правда дека тој тоа го напишал во лутина.

– Г-н Ансворт рече неколку невистини и ми сугерираше да имам сексуални односи со подморницата што ја направивме заради помош и по инструкции на стручно лице. Како и да е, неговото однесување не ја оправдува мојата реакција, па му се извинувам на г-н Ансворт, истакна Маск.

Спасувачката мисија, која траеше неколку дена, заврши успешно минатата седмица.

 

 

Извор:МИА