Започна Светското во Египет: Чилеанците лесен плен за домаќинот – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 9:20 PM

Започна Светското во Египет: Чилеанците лесен плен за домаќинот

Во првиот меч од 27 Светско првенство, домаќинот на турнирот Египет лесно ја совлада репрезентацијата на Чиле со 35:19 (18:11). Во оваа група се наоѓаат и Шведска и Македонија, кои ќе ги одмерат силите утре од 20:30 часот.

Пред празни трибини во салата во Каиро, Мундијалот започна со лесна победа на Египќаните над јужноамериканската селекција од која многу повеќе се очекуваше. Иако селекторот Парондо надвор од тимот ја остави веројатно најголемата ѕвезда, Ахмед Ел Ахмар, разликата во квалитетот, сериозноста и мотивацијата беше очигледна од првата минута.

Брзо Египќаните се одвоија и поведоа со 5:2 па 9:5. До полувреме практично се реши прашањето на победникот, а во продолжението Египет рутински ја обработи работата. Предноста варирала од шест до девет голови, за да избраниците на Матео Гарале во самата завршница го ублажат поразот, но не и да го поправат впечатокот.

 

 

 

Извор:

balkan-handball.com

Фото:

Тwitter / @Egypt2021EN