Трамп: Насилството, вандализмот и кршењето на законите не се она за што јас се залагам – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 8:54 PM

Трамп: Насилството, вандализмот и кршењето на законите не се она за што јас се залагам

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп повика да бидат мирни собирите, односно демонстрациите што се планирани во целата земја. Трамп ја следи дебатата во Конгресот за неговото заминување од Белата куќа – пренесува СиЕнЕн.

-Поради големиот број најавени демонстрации им нагласувам на сите граѓани дека не смее да има насилство, кршење на законите и вандализам од каков било вид. Тоа не е она за што јас се залагам и не е она за што Америка се залага. Ги повикувам сите Американци да помогнат во ублажување на моменталната напнатост – изјави Трамп за Fox News.

Советникот на Трамп додаде дека ова е критично време во историјата на американската нација и дека „сигурно сите можеме да се собереме да ја пренесеме оваа важна порака“.

Од Белата куќа наведоа дека тие исто така ќе се обидат да ја пренесат пораката на Трамп на неговите официјални страници на социјалните мрежи.

 

Извор:  avaz.ba