Водителките Сања Маринковиќ и Весна Дедиќ го прекинаа пријателството подолго од две децении. Како што претпоставуваат српските медиуми, до заладување на нивните односи дошло поради една објава на Инстаграм.
Иако тие две важеа како блиски пријателки кои си даваат поддршка една на друга, тамошните медиуми пишуваат дека нивното долгогодишно пријателство е прекинато поради тоа што во неколку наврати Сања ја навредила својата пријателка.
За тоа дека Сања и Весна беа блиски сведочи и една шега која на нивна сметка ја упати водителот, Огњен Амиџиќ.
-Кога веќе ја спомена Весна Дедиќ морам да те прашам дали меѓу вас има нешто повеќе од пријателство? На Инстаграм секој ве гледа вас двете заедно, а мажи нема на фотографиите, ја праша Огњен Сања, на што таа одговори:
„Ние мајките, сопругите, домаќинките…па, се дружиме Огњен“.
-Точно е дека една година не сме во блиски односи. Со оглед на тоа дека не сум државен функционер, не сакав за тоа јавно да зборувам. Меѓутоа, некои објави што Сања ги имаше на Инстаграм го загрозија мојот професионален интегритет, принудена сум и јавно да кажам дека Сања Маринковиќ одамна не е мој пријател – потврди Дедиќ.
Приказната на Сања сепак е малку поразлична.
Весна и јас бевме многу блиски колешки од 1996. година. Но, како што се случува ставовите, размислувањата, интересите и односите во животот на секој од нас со текот на годините да се променат, така се промени и динамиката на нашите животи -објасни таа.
Извор: novosti.rs