Во куќа во Битола вчера била пронајдена почината К.Г.(87) од Република Грција, со привремен претстој во Битола.
Во СВР Битола случајот бил пријавен на 12 јануари во 19.40 часот – соопштија попладнево од МВР.
Лекар на Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.