(ФОТО + ВИДЕО) Полицијата и ЕБР упаднаа на карневалот во Вевчани, жителите револтирани – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 5:52 PM

(ФОТО + ВИДЕО) Полицијата и ЕБР упаднаа на карневалот во Вевчани, жителите револтирани

Стоттина полицајци и припадници на Единицата за брзо распоредување упаднаа на традиционалниот василичарски карневал во Вевчани за да го растурат собирот.

Пандемијата на коронавирусот и непогодните околности налагаа откажување од организацијата на настанот стар повеќе од 1.460 години, но сепак вевчанци во помал број од вообичаено решија да ја задржат долговечната традиција и со маски излегоа на улиците.

Според портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски, интервенцијата на полицијата била поради непочитување на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица.

– И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација, да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, изјави Димоски.

На видео материјалите и фотографиите кои пристигнуваат од социјалните мрежи, се гледа големо присуство на полиција низ улиците на Вевчани и негодувања и незадоволство на жителите.

 

 

 

 

 

Фото:

Тwitter / @_Mitkov_

Тwitter / @Vasko44271763