Завршена е изведбата и поставувањето на модуларниот ковид – центар во Кичево. Тој е со површина од 700 метри квадратни и има капацитет од најмалку 45 болнички легла. Ова двојно зголемување на постојниот болнички капацитет е од исклучителна важност граѓаните. Сега можното оптоварување со ковид пациенти нема воопшто да го наруши нормалното обезбедување на здравствени услуг – објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети модуларната болница во градот.

Исто така, посочува министерот, почнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда.
Со ова, значително ги подобруваме условите за престој и медицински третман на пациентите, но и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За неколку месеци, првпат ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија. Активно вложуваме во здравствената инфраструктура, затоа што јавното здравје е нашата заедничка одговорност, потенцира Филипче.


