Полицијата лишила од слобода малолетник од Штип кој нападнал своја шеесет и петгодишна сограѓанка – соопшти денеска МВР.
Полицијата го лишила од слобода седумнаесетгодишниот штипјанец денеска попладне, откако претходно на ул.„Сутјеска” пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М. и насилно и’ го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М. Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава – потенцираат од Министерството.


