Полицијата лиши од слобода малолетен штипјанец, кој и’ украл паричник на своја сограѓанка – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 3:50 PM

Полицијата лиши од слобода малолетен штипјанец, кој и’ украл паричник на своја сограѓанка

Полицијата лишила од слобода малолетник од Штип кој нападнал своја шеесет и петгодишна сограѓанка – соопшти денеска МВР.

Полицијата го лишила од слобода седумнаесетгодишниот штипјанец денеска попладне, откако претходно на ул.„Сутјеска” пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М. и насилно и’ го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи.

Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М. Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава  – потенцираат од Министерството.