Штипската јавност деновиве е преплавена со реакции за покачувањето на цената на водата за пиење. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека го одбила барањето на ЈП „Исар“ за определување на цена од 46,68 денари за кубик. Меѓутоа, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, вели дека покачување мора да има, бидејќи така наложила РКЕ, според тригодишниот план кој Исар и’ го достави. Од друга страна пак од РКЕ се категорични дека тие не носат крајна одлука за цената на водата, туку само определуваат минимална и максимална просечна тарифа.
– Цената која што ја дава РКЕ со решение е доставена до ЈП “Исар“. Во тоа решение се поставени процентите за 2021/22/23 година, како треба да оди покачувањето на водата. Ние како институција мораме да ги следиме решенијата, во спротивно доколку со Советот донесеме одлука да не ги почитуваме, ќе стојат казнени мерки кон Комуналното претпријатие, вели Николов, потенцирајќи дека во 2009 година, „Исар“ ја покачил водата за 39 отсто, но немало „вакви реакции“.
На ист став е и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев, кој вели дека решенијата на РКЕ мора да се почитуваат, а годинава за време на пандемија имале многу трошоци, но немале доволно приходи.
-Поради неработењето на Градскиот пазар и Бањата, наместо пет милиони во овие девет месеци, имаме приход од три милиони. Во однос на трошоците за електрична енергија, ние имаме 4,5 милиони денари месечно. За ислустрација,велешкото ЈП „Дервен“ годишно за електрична енергија плаќа четири милиони денари, изјави Тасев
Од РКЕ пак велат дека тие определуваат минимална и максимална цена во рамки на која Советот на општината на предлог на комуналните претпријатија одлука за висината на тарифата за граѓаните. Според нив, штипски „Исар“ можело да ја задржи истата цена како и за 2020 година.
– Во нашата одлука максималната цена е пониска од цената којашто ја побарале од ЈКП „Исар”. За домаќинства ЈКП „Исар” побарале 46,68 денари, а минимална според нас може да биде иста како и сегашната, а максималната 46,39 денари. Дополнително ЈКП „Исар” побараа зголемување на цената на отпадните води, но Регулаторна комисија предложи да се намали, посочува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Што содржат официјалните документи:
Предлог на ЈП „Исар“ до Советот на Општина Штип за зголемување на цената на кубик вода:

Решение на РКЕ со минимални и максимални тарифи:



