МВР денеска доби донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција од Сојузна Република Германија.
Амасадорката Н.Е Анке Холштајн изради задоволство за донацијата бидејќи Германија ја цени поддршката на македонските служби во справувањето со мигарциските текови.
„Сојузна Република Германија многу ја цени поддршката на македонските служби во справувањето со миграциските текови на Балканската рута. Затоа ми е многу драго што на Македонија со оваа помош може да и се оддаде благодарност. Посебно на поддршката на македонската гранична полиција е важна за Германија. И за оваа година планираме поддршка, денес ми причинува задоволство што можам да ви предадам опрема во вредност од 660 илјади евра, тука спаѓаат 12 теренски возила, чизми и батериски лампи, мобилни термални камери, апарати за проверка на документи и друго“, изјави германската амбасадорка Холштајн.
Г.Д