ИЈутјуб го суспендираше Доналд Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 12:02 PM

ИЈутјуб го суспендираше Доналд Трамп

Јутјуб за најмалку една недела го суспендира каналот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Анадолија (АА).

Според соопштението на портпаролот на Јутјуб, каналот на Трамп е блокиран под образложение дека упатува апел за насилство, чии поддржувачи минатата недели упаднаа во Конгресот.

Се наведува дека избришана е последната видеоснимка објавена на овој канал која повикува на насилство, и дека најмалку седум дена на каналот не ќе можат да се прикачуваат видеоснимки.

По суспендирањето на неопределено време на профилите на Трамп од страна на Фејсбук и Инстаграм, и Твитер направи сличен чекор, трајно го суспендира профилот на Трамп под изговор дека поттикнува насилство.