Рускиот опозиционер Алексеј Навални на социјалните мрежи објави дека ќе се врати во Русија на 17 јануари.
– Никогаш не постоеше прашање дали да се вратам или не. Едноставно затоа што дури и не заминав. Се најдов во Германија, затоа што дојдов во кутија за реанимација – објасни Навални на Твитер.
Вопрос “возвращаться или нет” передо мной не стоял никогда. Просто потому, что я не уезжал. Я оказался в Германии, приехав в неё в реанимационной коробке.
17 января, в воскресенье, я вернусь домой рейсом “Победы”.
Встречайте 😉https://t.co/7J7ImemgvR— Alexey Navalny (@navalny) January 13, 2021
Тој на Инстаграм додаде дека веќе купил билет за летот на авиокомпанијата „Победа“.
Од неговата адреса може да се забележи дека се чувствува добро.
Навални се лекуваше во Германија од 22 август.
Ова не е прв пат Навални да објави дека ќе се врати во Русија, веднаш штом лекарите ќе му дозволат. Портпарол на Кремљ постојано повторуваше дека Навални, како државјанин на Русија, може да се врати дома кога сака.
Преземено од: https://www.espreso.rs/