Водата во Неготино да се преврива пред употреба, во Тетово може безбедно да се употребува – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 11:00 AM

Водата во Неготино да се преврива пред употреба, во Тетово може безбедно да се употребува

Да се преврива водата за пиење во Неготино пред употреба, појавено е заматување поради интензивни врнежи од дожд.

Вакво известување упатија од неготинското Јавно претпријатие ,,Комуналец”.

Заматувањето на водата e, како што појаснија, поради интензивни врнежи во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар”.

Препораката за превривање на водата пред употреба важи се’ до стабилизирање на состојбата.

Водата за пиење во Тетово, пак, е исправна и безбедна за користење, информираат од Центарот за јавно здравје. Миркобиолошките анализи се негативни.

-Се врати во вообичаената бистрина водата за пиење со 0.4 и 0.5 НТУ мерна единица за матност, а негативни се микробиолошка анализи кои се чекаа од понеделникот. Микробиолошки анализи покажаа исправност односно дека нема присуство на бактерии. Во понеделникот кога се констатираше матноста имаше резидуален хлор и да имало бактерии хлорот реагирал. Матноста е индикатор дека е нешто лошо може да се случи и затоа беше препораката за да не се пие, соопшти денес д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија

Анализите се од примероци земени од чешми приклучени на стариот водоснабдителен систем. Новиот систем кој има и филтер станица има сензори кои кога ќе утврдат матност го прекинуваат дотокот на вода во водоводната мрежа

-Во системот имаше доток од само 150 литри, па се се качи на 310 и вчера падна на 270 литри вода во секунда, денес и на 250 литри. Врнежи во планинина кај извориштата е причина, вели д-р Давидоски.

До денеска препораките беа водата да се не користи за пиење освен ако не се преврие. Поради заматеноста достигна високи 11,1 НТУ мерни единици за матност.

МИА