Швајцарија ќе ги менува САД на ракометното СП во Египет, Македонија стартува утревечер против Шведска – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 7:36 AM

Швајцарија ќе ги менува САД на ракометното СП во Египет, Македонија стартува утревечер против Шведска

Откако вчера, поради големиот број позитивни играчи на Ковид-19, од Светското првенство во ракомет се откажа Чешка, а нејезиното место ќе го пополни Македонија, која беше прва резерва, веднаш потоа, од истите причини, откажа и репрезентацијата на САД. Нејзиното место ќе го пополни Швајцарија, која беше втора резерва. Швајцарците ќе го заземат местото на САД во „групата на смртта“ со Франција, Норвешка и Австрија.

Македонија на СП во Египет стартува утревечер против Шведска, која, според најавите, поради коронавирусот, ќе допатува без деветмина проверени репрезентативци. Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра в сабота против домаќинот Египет, чиј селектор е екс-вардарецот Парондо, а последниот меч во групата го играме в понеделник против Чиле, репрезентација што деновиве двапати ја победивме на пријателските мечеви во Скопје.

Ако бидеме на едно од првите три места во групата, потоа ќе вкрстиме со трите првопласирани од групата во која се Словенија, Русија, Белорусија и Јужна Кореја.