Време: Денеска променливо облачно, од попладне дожд и снег – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/21 7:01 AM

Време: Денеска променливо облачно, од попладне дожд и снег

Променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег, e прогнозата на УХМР за денеска. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Најниската утринска температура до -3, највисоката дневна до +11.

Поради продор на студена воздушна маса од север од денеска попладне и утре, четврток, ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка некаде и на пониските места. В петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.