(ВИДЕО) Мурињо во свој стил му „спушти“ на Озил – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 9:38 PM

(ВИДЕО) Мурињо во свој стил му „спушти“ на Озил

Последните денови шпекулациите за иднината на Месут Озил се интензивираат, откако и дефинитивно стана јасно дека Микел Артета нема намера да го врати Германецот во составот на Арсенал.

Вчера некогашниот играч на Вердер Бремен, Шалке и Реал Мадрид, кратко коментираше на тема „нова средина во јануари“, откривајќи ја желбата за враќање во Турција во дресот на неговиот омилен Фенербахче. Меѓудругото, тој истакна дека никогаш не би потпишал за ривалот на Арсенал, Тотенхем, дури и тоа да значи крај на неговата професионална кариера.

На новинарско прашање на денешната прес-конференција во пресрет на 18-тото коло во Премиер Лигата, Жозе Мурињо на негов типичен начин му возврати на Месут Озил и го врати во реалноста.

-А кој му кажал на Озил дека Тотенхем е заинтересиран за него, одговори кратко и иронично португалскиот стратег.

 

Тотенхем во среда го дочекува Фулам на домашен терен.