„Епизодата Реал Мадрид“ завршува за Лука Јовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 9:07 PM

„Епизодата Реал Мадрид“ завршува за Лука Јовиќ

Повредите, големата конкуренција и недисциплината, последниот елемент можеби и во најголема мера, влијаеа директно врз неуспешното поглавје на српскиот репрезентативец во мадридскиот гигант.

Реал Мадрид реши да се ослободи од Јовиќ, кој повеќе претставуваше терет отколку што имаше придонес во играта на „кралевите“. Поранешниот младинец на Црвена Ѕвезда, Мадрид ќе го смени со Франкфурт и ќе се врати на местото на кое го играше најдобриот фудбал во кариерата.

Според шпанскиот новинар Хосе Феликс Диаз, Јовиќ уште во јануари ќе се пресели во Ајнтрахт како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа Германците ќе се обидат целосно да го откупат неговиот договор. Пред неколку месеци агентот на Лука Јовиќ, Фали Рамадани, го понудил својот клиент на Манчестер Јунајтед, но Оле Гунар Солскјер не бил „загреан“ за доведување на шпицот на „Олд Трафорд.

Јовиќ со тимот на Ајнтрахт Франкфурт играше во полуфиналето од Европа Лига каде што испадна после изведувањето на пеналите од англиски Челзи.

 

 

Фото:

footballwhispers.com