Грчката полиција заплени 112 килограми марихуана – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 10:41 AM

Грчката полиција заплени 112 килограми марихуана

Грчката полиција, на патниот правец Јанина – Кожани, кај месноста „Метаморфоси“ заплени се 112 килограми марихуана.

Според полицијата дрогата била во возило со грчки регистарски таблички управувано од 36-годишен Албанец чиј идентитет не е откриен. Запленето е и возилото, два мобилни телефона и 300 евра.

Крајната дестинација била Атина, каде дрогата требало да ја преземе друг Албанец, по кого трага полицијата.

Изминатите денови во две одделени акции италијанската полиција заплени околу три тони марихуана пристигната од Албанија.

– Има ли поголема потврда од оваа за тврдењата на италијанските високи полициски функционери дека Албанија и понатаму е главен снабдувач на европскиот нарко пазар со марихуана. Еди Рама и неговиот министер Фатмир Џафај нека престанат да  лажат дека во земајава не се одгледува канабис, напиша на Фејсбук, Сали Бериша.

Со идентичен став се јави и Движењето за социјалистичка интеграција, кое обвинува дека производството и трговијата со дрога има поддршка од владините функционери.

 

 

Извор:МИА