Телото ослободува токсини преку органите кои имаат способност да ги елиминираат отпадните материи, а тука пред се’ се вбројуваат црниот дроб и жолчката, бубрезите, дебелото црево и белите дробови. Во постпразничниот период вообичаено е да тежиме некој килограм плус, па да си ветиме на себе дека ќе почнеме со чистење на организмот. Иако овие празници поминаа во поинакво светло од претходно, повторно се јадеше и пиеше на големо, а факт е дека телото повремено треба да се чисти од токсини.
Нутриционистката Мирела Мариќ советува дека детоксикацијата после празниците е здрава. Тоа не е класична диета туку е краткорочно чистење на организмот, иако балансираната исхрана е важна во текот на целата година.
Детоксикацијата подразбира многу овошје и зеленчук, житарки, немасно месо и многу течности како што се водата и чаевите. Детоксикацијата претставува краткотрајна диета со органска храна богата со антиоксиданси, витамини, минерали и влакна. Не постои универзална здрава-детокс диета бидејќи секој организам е различен и многу специфичен, па за секого треба да се изработи индивидуално мени. Начиот или стилот на живот кој е дефиниран со здрава исхрана, телесна активност и посветеност кон своето тело треба да биде одлука што ќе важи цел живот – додава нутрициоистката.
Извор: srbijadanas.com