Евакуација на луѓе од две села во северозападна Сирија – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 10:36 AM

Евакуација на луѓе од две села во северозападна Сирија

Автобуси и амбулантни возила денеска влегоа во шиитските села Ал-Хуа и Крефраја, кои се под опсада на бунтовниците во северозападниот дел на Сирија, во согласност со договорот за евакуација на илјада жители во замена за ослободување на стотици затвореници од државните затвори, јави државната телевизија.

Договорот го постигнаа бунтовниците и преговарачите кои ги поддржува Иран.

Во исто време, сириски спасувачи и невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права наведуваат дека вчера пропаднале преговорите за отстапување на Владата на најголемото опозициско упориште во југозападниот дел на Сирија.

Откако преговорите пропаднаа, почнаа интензивни воздушни напади врз густо населен град во југозападниот дел на  земјата, во кој беа убиени повеќе од десет лица, а повредени се повеќе од сто луѓе.

Сириската опсерваторија, со седиште во Лондон, наведува дека масовните воздушни напади, кои биле извршени изминатата ноќ, продолжиле и денеска, и оти врз градот Науа и околината се истрелани најмалку 350 ракети.

 

Извор:МИА