Тринаесет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 3:00 PM

Тринаесет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Со полагање на свежо цвеќе на спомен-обележјата, се обележа 13-годишнината од хеликоптерската несреќа, во која враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, трагично загинаа единаесет припадници на Армијата  – соопшти Министерството за одбрана, чии претставници им оддадоа почит на загинатите со едноминутно молчење и венци со свежо цвеќе.

Во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за заштита и спречување на ширењето на „Ковид-19“, пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец,  годишнината од хеликоптерската несреќа беше одбележана од страна на воздухопловниот ВИНГ и семејствата на загинатите.  Во чест на единаесеттемината загинати припадници, комеморативна церемонија се одржа и во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА“.

Армискиот хеликоптер Ми-17 враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА се урна на 12 јануари 2008 година кај Катлановско Блаце при што трагично ги изгубија животите: потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и  Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.