Во Франција усмртени 600.000 патки заради сузбивање на ширењето на птичјиот грип – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 12:39 PM

Во Франција усмртени 600.000 патки заради сузбивање на ширењето на птичјиот грип

 

Во Франција во последните две недели се усмртени 600.000 патки заради сузбивање на ширењето на птичјиот грип, вирусот Х5Н8, кој продолжи да се шири загрижувачки брзо, пренесува Анадолија (АА).

Министерот за земјоделство Жулиен Денорманди за француската радио станица „Франс блу окситани“ изјави дека постојат шест потврдени епидемии во регионот Герс и 180 низ земјата.

Во изјавата за медиумите, Денорманди истакна дека властите ги забрзуваат мерките за удвојувањето на капацитетот на колење и поддршка на одгледувачите со финансиска надокнада.

Високата патогена епидемија на птичји грип првпат е откриена во регионот Шалос, во департманот Ландс, кој има голем број на фарми со патки и познат е по производството на „foie gras“, гастрономски деликатес направен од здебелена патка или гуска.

Подоцна се прошири и по соседните департмани Горни Пиринеи, Атлантски Пиринеи и Гер. За да го спречат понатамошното ширење на вирусот, властите од 24 декември најавија дека превентивно ќе ја усмртат живината до пет километри од фармата.

Птичјиот грип моментално се шири во југозападните делови на Франција и делови на Велика Британија, Германија, Холандија и Данска.

Слична епидемија се случи во Франција 2015 и 2017 година.

Птичјиот грип не е пренослив на луѓе со консумирање на месо или јајца, но многу е заразен за птиците.