Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи на туристите да им се забрани влез во кафулињата во кои се продава марихуана.
„Голем број туристи во Амстердам доаѓаат само заради консумација на лесни дроги и таквите туристи станаа ’гњаважа’. Амсстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но сакаме да доаѓаат заради неговите убавини и култура“, рече Халсема на телевизија, пренесува „Дневни аваз“.
Таa на Грдаското собрание му предложи уредба во врска со проблемот.