Во Штип ноќеска наврнале 10 л/м2, за само 12 дена од јануари 99 л/м2(фото-галерија) – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 11:39 AM

Во Штип ноќеска наврнале 10 л/м2, за само 12 дена од јануари 99 л/м2(фото-галерија)

Обилните врнежи деновиве во Штип и штипско го подигнаа нивото на реката Бреганица и во делот кој поминува низ градот.

Во моментов таа достигна ниво до 2 метри, но тоа е променливо и може да се очекува намалување или зголемување во текот на денот вели Киро Маџунаров, штипјанецот од штипско Ново Село кој со децении ја следи хидролошката состојба во градот.

Во текот на ноќта во Штип наврнале 10 л/м2, а за само дванаесет дена од месец јануари наврнале 99 литри/м2.

Маџунаров вели дека во текот на минатата 2020 година во штипско наврнале 490 л/м2 дожд, во декември се измерени 47 л/м2 а во ноември само еден литар/м2.

Водите на река Брегалница поплавија дел пешачката патека во населбата „8-ми Ноември“.

Врнежите ја наполнија и р.Отиња.

 

фото-Трајче Крстев