На Бајкалот е поставен единствен рекорд – московјанката Екатерина Некрасова нурна во делот незамрзната вода и исплива 85 метри под дебелиот мраз. Девојката тоа го стори без нуркачко одело, пераи за нуркање и друга опрема, пренесува „Еспресо“.
Притоа, надвор беше 30 степени под нулата, а температурата на водата одвај ја поминуваше нулата.
„Бајкалот ми помогна. Уживав додека пливав. Се подготвувам да препливам и сто метри под мраз“, изјави светската рекордерка меѓу жените во пливање под мраз, пренесуваат„Ѕвезда“ и „Спутник“.


