Променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Максималната температура до 11 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.