Озил: Постојат две земји каде што би сакал да заиграм пред да се пензионирам, САД и Турција – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 12:00 AM

Озил: Постојат две земји каде што би сакал да заиграм пред да се пензионирам, САД и Турција

Статусот на некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Вердер Бремен во Арсенал останува непроменет. Артета нема интенција да го „одмрзне“ Месут Озил, па затоа може да се каже дека неговата кариера во тимот од северен Лондон е завршена.

Озил нема настапено за „топџиите“ од март минатата година, а останува еден од најплатените фудбалери во Арсенал и Премиер Лигата. Навивачите на Арсенал знаат да се пошегуваат дека го имаат најскапиот „гејмер“ во светот во своите редови.

Сепак иднината на германскиот интернационалец со турски корени по сите изгледи ќе се решава во овој јануарски трансфер преоден рок. Заинтересирани страни за Германецот постојат и тоа највеќе од главниот фудбалски град на Турција. Според шпекулациите на медиумите Озил би требало да се пресели во неговиот омилен Фенербахче. Последните коментари на оваа тема на играчот од средината само ги потврдуваат гласините.

-Постојат две земји каде што би сакал да заиграм пред да се пензионирам, Турциј и САД. Доколку одам во Турција, ќе одам само во Фенербахче, изјави Озил.

Со оглед на висината на потенцијалниот трансфер, Фенербахче ќе се потруди да го ангажира играчот преку позајмица со право на откуп.

 

 

 

 

Фото:

goal.com