Зошто мажите не ја разбираат љубовта на жените – открива психологот, Комерс – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 8:34 PM

Зошто мажите не ја разбираат љубовта на жените – открива психологот, Комерс

Љубовта е поим кој тешко се објаснува, пред се’ поради тоа што постојат повеќе видови љубов, па луѓето можеме да ги сакаме на различни начини.

Секоја жена знае колку различни нијанси може да има чувството на љубов, но и колку пати се налутила поради тоа што некој маж не успеал да разбере што зборува кога се работи за љубовта – вели професорот Коди Комерс, професор по експериментална психологија на Оксфродскиот универзитет.

Додека жените ги ценат патувањата, мажите се повеќе ориентирани кон целта, односно судат за повеќето работи во животот првенствено според тоа дали можат да им помогнат да стигнат таму каде што сакаат да одат во животот. Мажите првенствено гледаат на инструменталната вредност и колку е поголема, толку е поголема причината што мажите како целина го ценат она што им е овозможен – вели професорот, обидувајќи се да ги објасни машко-женско сфаќањата за љубовта.

Додека тоа може да биде одлично во професионалниот живот, на приватен план ваквото размислување може да ја попречи среќата. Имено, љубовта не можеме да ја потценуваме, но сепак во неа нема место за победа, нема цел или можност да го освоите првото место, односно да се борите за повеќе бодови. Токму поради тоа, повеќето мажи имаат проблем со разбирањето на љубовниот свет. Поентата на љубовта е да го цените она што го имате во моментот.

Љубовта е патување, а мажите тоа тешко го сфаќаат.  Љубовта на мажите произлегува од фактот дека на партнерката гледаат како идеална за основање на семејство како што сакаат, доколку препознаат дека таа има слични амбиции како нивните, но и доколку таа ги поддржува во врска со кариерата.

Таквата „инструментална љубов“ не е идеална основа за романтична врска, бидејќи таа не е поврзана со личност, туку со одредена ситуација што му е важна на мажот. Оттука, кога ситуацијата ќе се промени се менуваат и улогите, па и „корисноста“ на другата личност во однос на остварувањето на целите.

Другиот вид љубов, внатрешната, се темели на она што другата личност навистина е, а не само на она што може да го направи, но во овој случај љубовта може да биде товар за машката личност. Затоа и мажите тешко одговараат на прашањето зошто сакаат некого. Првенствено тие ја опишуваат функцијата на љубовта како некоја алатка што за нив е корисна, па така доаѓа и до тоа тие да не одговорат соодветна на љубовта  што доаѓа од женска страна.

Еден од најтешките аспекти во различното сфаќање на љубовта е тоа што нема гаранција дека мажите всушност ќе сфатат дека таа разлика постои. Таквиот неуспех делумно е поврзан и со тоа дека момчињата не се научени да ги препознаваат нијансите во односите и кога ќе пораснат не се способни да развијат силна романтична врска. Нормално, не се сите мажи исти, но ако наидете на еден теков, добро е да знаете дека „само“ љубовта не е доволна како темел за среќата во врската. Морате да размислите дали партнерот ве перцепира како алатка за постигнување на своите цели – додава психологот.

 

Извор:  avaz.ba