Општина Аеродром почна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.
Старите подови се заменуваат со нови еластични ПВЦ подови во училниците и кабинетите каде се одржува настава, за што општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот Буџет.
Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.
Извор:МИА