Повредата на коленото ќе оддалечи Богдановиќ од терените подолг период – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 6:51 PM

Повредата на коленото ќе оддалечи Богдановиќ од терените подолг период

Поранешниот кошаркар на Партизан и Фенербахче, Богдан Богдановиќ, на мечот против Шарлот Хорнетс доживеа тешка повреда која ќе го оддалечи од терените повеќе месеци.

Првичните информации беа дека се работи за повреда на коленото, но не се знаеше од каков вид е повредата и дали е од полесна или потешка природа. Магнетната резонанса покажала дека дека е дијагностицирана алвузиска скршеница со врската со воспаленото меко ткиво, објавија од Атланта Хокс.

-Богдан Богдановиќ доживеа повреда на десното колено во текот на втората четвртина од синоќешниот меч во Шарлот и не се врати на терен. По магнетната резонанса денес во Спортскиот медиински комплекс „Емори“, дијагоностицирана му е алвузиска скршеница со врската со воспаленото меко ткиво и модрица на коската. Планот за неговото лечење се преиспитува и ќе биде објавен следната недела, се вели во соопштението на клубот од Истокот.

Засега неизвесно е колку време „Боги“ ќе биде надвор од строј, но ваквите повреди знаат да ги оддалечат кошаркарите од паркетот и по неколку месеци.