Виенската чоколадна торта важи за превкусен десерт, а се подготвува според едноставен рецепт, со кој австриската кујна сега може да ја донесете во својот дом.
Состојките кои ви се потребни се следните:
8 јајца
1 ванилин шеќер
150 гр шеќер
100 гр мелени или искршени бисквити
60 гр путер
100 гр мелени лешници
100 гр чоколадо за готвење
100 гр џем од кајсии
1 јајце
200 гр шеќер во прав
Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги со миксер со ванилиниот шеќер и со 75 грама од обичниот шеќер. Матете се’ додека шеќерот не се растопи.
Белките пак, изматете ги со преостанатиот шеќер, а потоа додадете ги во садот со смесата со жолчки. По ова, додајте ги мелените лешници, бисквитите и 100 гр изрендано чоколадо. Мешате додека состојките не се соединат.
Вака подготвената смеса за тесто ставете ја во тава со округла форма. Печете 20 минути на 180 степени. Преостанатиот дел од чоколадото растопете го на пареа и додадете го путерот. Мешајте додека путерот не се растопи. Додајте едно јајце и шеќер во прав.
Пандишпанот исечете го на три еднакви делови. Првиот дел ставете го во чинија и премачкајте го со џемот. Повторете ја постапката и со останатите делови. Целата торта може да ја премачката со чоколаден прелив, а потоа да ја украсите со лешниците.
Фото: Илустрација/Freepik
Извор: kurir.rs