Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.П.(62) од Струга.
– На 6 декември 2020 година во 16:55 часот при контрола на лица, на кои им е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравствeн надзор и домашна изолација, тој не е затекнат во неговиот дом, односно не ги почитувал мерките за заштита – наведува МВР во дневниот Билтен.