Врнежливо време и во следните денови: За време на викендот не’ очекуваат температури под нулата – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 5:38 PM

Врнежливо време и во следните денови: За време на викендот не’ очекуваат температури под нулата

Утре не’ очекува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени – најавија попладнево од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студена воздушна маса од север во среда попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. Во петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.