Триесет и четиригодишната, Сара Бјукенан тежела речиси 160 килограми. Сепак, се’ се променило во 2019. година кога докторот и’ соопштил дека има дијабетес и веројатно ќе мора да и’ биде вграден гастричен бајпас, што многу ја исплашило.
„Не знаев дека состојбата е толку влошена. Постојано се грижев дали ќе добијам инфаркт и дека нема да можам да бидам покрај децата“, изјавила младата жена која отсекогаш била со прекумерна телесна тежина, а најмногу сакала да јаде сендвичи.
Во текот на следните десет месеци таа ја отфрлила нездравата храна и почнала да прави домашни јадења, но секојдневно трчала и одела на прошетки. Благодарение на тоа успеала да ослабне 65 килограми, а сега веќе тежи 92 килограми.
Поради тоа што ја намалила тежината за кратко време, таа станала непрепознатлива па се случило и едно интересно недоразбирање со нејзин познаник.
„Го чекавме мојот татко, кога не’ здогледна една моја пријателка, која помисли дека мојот сопруг Даниел има љубовница. Таа сепак сфатила дека тоа сум јас. Беше урнебесно, но сепак ми ласкаше. Буквално, маж ми сега има нова жена, среќна сум“, додала Сара.
„Изгледа толку поразлично што многумина помислија дека се работи за друга жена. Горд сум затоа што таа успеа да изгуби толку килограми во толку краток рок“, додал нејзиниот сопруг.
„Мојот син постојано ме гушка и вели дека конечно може да ме прегрне сега. Не можам да бидам посреќна”, заклучила Сара.
Извор: kurir.rs