Тетовската вода заматена, да не се користи – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 5:23 PM

Тетовската вода заматена, да не се користи

Поради заматувања предизвикани од интензивните врнежи од дожд, од Центарот за јавно здравје Тетово препорачуваат водата од тетовскиот водовод да не се користи.

Специјалистот по хигиена и здравствена екологија д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, вели дека состојбата не е алармантна. Тој очекува по прекинување на врнежите да се стабилизираат физичко-хемиските параметри на водата

-Поради обилните дождови најверојатно дојде до пробив до извориштата на Шар Планина и дојде до заматување на водата за пиење во градскиот водовод на Тетово. Поради тоа не ја препорачуваме да се пие водата, односно препорачуваме да се користи флаширана вода или да се преврира 10 минути водата а потоа со ладење да се употребува и да се користи. Првичните резултати се во рамки на нормални вредности . Нивото на резидуален хлор е 0,2 милиграми на литар, така да препорачуваме да не се консумира додека не излеземе со конечните резултати. Што значи нивото на резидуален хлор, ни дава надеж дека нема да дојде до микробиолошко загадување и дека ова ќе биде едно транзиторно заматување на водата за пиење, изјави доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија  од Центарот за јавно здравје Тетово.

Моментално градот се снабдува со вода од стариот водоводен систем. Новиот водовод не е во функција поради дефект на филтер станицата

Моментално издашноста на изворите од кои се снабдува Тетово со вода е 310 литри вода во секунда.