БиоНТек проценува дека може да произведе две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 4:15 PM

БиоНТек проценува дека може да произведе две милијарди дози вакцини до крајот на 2021

Германската компанија БиоНТек процени денес дека ќе може да произведе две милијарди дози вакцина против Ковид-19 до крајот на 2021 година, значително повеќе од претходната цел од 1,3 милијарди дози.

Германската компанија поврзана со американскиот Фајзер дошла до нова проценка, земајќи го предвид „новиот стандард“ кој овозможува давање шест дози по шише, наместо пет, покажува документот објавен на неговиот интернет портал. БиоНТек исто така се обидува да ги прошири тековните инсталации, вклучително и лансирање на друга локација за производство на вакцини во Европа, што се очекува во февруари во Марбург, Германија.

Преземено од: https://www.danas.rs/