Папата Франциск дозволи поголема улога на жените во црковната служба – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 4:03 PM

Папата Франциск дозволи поголема улога на жените во црковната служба

Папата Франциск денес донесе одлука со која им се дозволува на жените формално да читаат молитви, да служат на олтарот и да се причестат за време на обредите во црквата, што е уште еден чекор напред во изедначувањето на правата на жените во Римокатоличката црква.

Со декрет денес, Папата го официјализираше она што со години се случуваше во многу развиени земји и со воведување на промена на Канонскиот закон на Католичката црква, ќе биде невозможно за конзервативните бискупи да ги спречат жените во нивните епархии да ги извршуваат овие свети дела.

Објавувајќи ја одлуката на папата, Ватикан истакна дека овие ново доделени улоги на жените се „суштински различни“ од службата што ја вршат назначени свештеници.

Римокатоличката црква дозволува да бидат свештеници само мажите, а жените традиционално беа само на маргините на администрацијата на Ватикан до неодамна, кога Италијанката Франческа Ди Џовани ја презеде нововостанатата позиција во Канцеларијата за односи со државите, каде што ќе биде потсекретар или еден од двајцата заменици министри за надворешни работи.

Преземено од: https://www.b92.net/