Медицинска сестра со солзи во очите моли да се почитуваат мерките: Понекогаш со часови пакуваме мртви тела во вреќи – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 3:42 PM

Медицинска сестра со солзи во очите моли да се почитуваат мерките: Понекогаш со часови пакуваме мртви тела во вреќи

Двасет и осумгодишната медицинска сестра, Амира Шеик која поминала часови пакувајќи мртви тела во вреќи, со солзи во очите и’ се обрати на британската јавност да се придржува до сите мерки во текот на пандемијата, бидејќи болниците веќе се пренатрупани со пациенти. Амира наведува дека видела голем број смртни случаи предизвикани од коронавирусот. За само два дена, починале четворица пациенти за кои таа се грижела.

Секој ден е се’ полош од претходниот. Има денови кога е се’ многу полошо, се чувствуваш толку лошо одвнатре и не можеш да се натераш ниту чаша вода да се напиеш – вели Амира.

Ве замолувам да го почитувате правилата, работев и во помалку развиени земји кои немаат ресурси како што имаме ние и она што сега се случува ме потсетува на тоа искуство – вели младата медицинска сестра.

Таа раскажа дека смените на медицинските работници траат и по 13 или 14 часа.

Според неа, некои луѓе се многу среќни бидејќи  не го искусиле вирусот. Тие мораат да сфатат дека не се врти се’ околу нив, на овој свет живеат и други луѓе, а премногу изумреа бидејќи некој не сакал да носи маска или сакал да се дружи со пријателите. Веќе не можам да спијам од кошмари – изјави таа за Мирор.

Во Велика Британија веќе бројот на починати достигна до осумдесет илјади. Во саботата починаа 1035 луѓе и тоа е најголемиот број починати во еден ден , а во просек таму се заразуваат по 150 илјади луѓе секојдневно.

Според медицинската сестра, има денови кога паициентите умират без престан, а од неа и нејзините колеги се очекува на брзина да ги измијат телата и потоа да ги префрлат во вреќи .

Никој од луѓето од онаа група што се противи на заклучувањето, никогаш во својот живот нема да мора да стави мртво тело во вреќа – вели Амира.

Многу луѓе си дадоа отказ уште во текот на првиот бран. Секоја сестра се грижи за три, понекогаш и за четири пациенти на одделенијата за интензивна нега – додава Амира.

 

 

Фото: Илустрација / Freepik

Извор:          telegraf.rs