Краткото видео од Њујорк што на својот Инстаграм го објави Сара Џесика Паркер, која ја игра улогата на Кери Бредшо во „Сексот и градот“, ги потврди вестите дека напролет почнува снимањето на новиот серијал на култната серија. Овој пат нема да бидат четири туку три девојки во градот, Кери, Миранда и Шарлот, откако Саманта им ја откажа дружбата.
Серијата од десет епизоди на HBO ќе носи наслов „И токму така“, ќе ги следи трите пријателки, кои се соочуваат со комплексноста на животот во педесетите години од животот и новите предизвици на нивното пријателство. Трејлерот објавен синоќа, не открива многу за заплетот на новата серија.
Одговорот од публиката е поделен. Едни одговорија со ентузијазам и очекување за враќање на саканите ликови, додека други сметаат дека новата серија ќе биде застарена.